Centar.mk
БИЗНИС

Работите во Македонија, не да се тргнати на подобро, туку земаат и залет: Бројот на странски туристи драматично пораснал за дури 16,9 отсто

Најпосетени во јуни годинава биле езерските места, каде престојувале 50.939 туристи, по што следи главниот град со 41.578, па планинските места со 5.604 и бањите со 2.392 посетители. Најмногу странски туристри имало од Турција, Полска, Србија, Грција и Бугарија.

Во јуни годинава бројот на домашни туристи се зголемил за 15,7 проценти, а на странските за 16,9 проценти, а во делот на ноќевањата за 7,2 проценти, односно 9,6 проценти.

Во периодот јануари-јуни годинава, во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за четири проценти, при што кај домашните има зголемување за 5,2 отсто, а кај странските за 3,5 проценти. Во првата половина од годинава бројот на ноќевањата е зголемен за 2,1 осто, кај домашните туристи за 1,3 проценти, а кај странските за 2,6 отсто.

Можеби ќе ве интересира

Синдикална минимална кошница за месец декември порасна на 65.173 денари

ДЕСК

Јанкуловски: Трезорот функционира редовно, исплатите се во тек и до крајот на годината ќе се исплатат обврските

ДЕСК

На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември

C +