9. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Познат идентитетот на починатиот во тешката сообраќајка кај Градско – Прилеп, имал само 36 години

На 11.08.2019 во 08,30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај с.Дебриште, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(34), од с. Острец- битолско и патничко моторно возило „Ланд ровер“ со велешки регистарски ознаки, управувано од О.Г.(30) од Велес.

Во незгодата починал сопатникот од возилото “Голф“ Б.Д.(36). Со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.Д., додека возачот О.Г. и тројца сопатници од двете возила се здобиле со телесни повреди. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Велес.