Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

На Богородица и Табановце се чека до 45 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ соопшти дека има зголемена фреквенција на возила на ГП Богородица и ГП Табановце каде времето на чекање за излез од државата е од 30 до 45 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

„Над 50% од ваучерите за инвертер клими се веќе подигнати“, информира Министерството за енергетика

C +

Полицијата му упадна дома – претреси и апсење во Скопје

ДЕСК

Патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица е затворен за сообраќај, каква е состојбата на патиштата низ Македонија

ДЕСК