Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Јанева тврди дека разговарала со Камчев за да соработува со СЈО во друг предмет

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева по денешната трета аудио снимка изнесена од „Ла Верита“ вели дека во интерес на предистрагите и истрагите кои се водат во СЈО повеќе пати комуницирала со разни лица за наводно издејствување подобро позиции во кривичните предмети. Јанева тврди дека нејзината комуникација со бизнисменот Камчев е со цел да стане соработник во истрага за нов предмет.

„Во врска со денешните снимени разговори презентирани на порталите, повторувам дека во интерес на предистрагите и истрагите кои се водат во Jавното обвинителство кое го водам, повеќе пати сум разговарала со разни лица, во обид да се издејствуваат подобри позиции во кривичните предмети, а тоа често се случуваше да се одвива преку од нив назначени посредници. Во конкретниот случај, во тој период, се водеа преговори од моја страна со лицето О.К. да стане соработник – сведок во една нова предистрага која ја водевме во Обвинителството, заедно со еден од моите помошници обвинители“, вели Јанева.

Обвинителката ги повикува истражните органи што е можно побргу да ја завршат истрагата, да ги приберат сите докази и да ги завршат сите форензички вештачења поврзани со случајот „Рекет“, за целосно расчистување на овој случај и обелување на нејзиното име.

Можеби ќе ве интересира

Со владиниот авион попладне ќе се евакуираат македонските граѓани од Израел, во следните денови следи и враќањето од ОАЕ, Катар, Бахреин и Кувајт

C +

СДСМ нема да молчи: Оставка од Тошковски поради загубените животи!

C +

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК