5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нова снимка: Зезанции на Орце – Со ластиче ти ги пакував и со бројче (хахаха)

Нови делумни снимки се објавени на онлајн изданието на италијанскиот весник Ла веритас, за кои се тврди дека се од случајот “Рекет”.

На аудио снимките барем засега не се слушаат некакви закани за изнуда, туку повеќе наликува на разговор помеѓу големи пријатели. Засега не се навестува и дека е тргувано со обвинение со оглед дека снимките се делумни и не може да се утврди целосната слика на дадената ситуација.

На почеток двајцата разговараат како се пакувани парите и во каква торба се ставени, а потоа Камчев го прашува Боки 13 дали во играта со нив е влезена и обвинителката Лиле Стефанова, која го води случајот на СЈО „Империја“, во кој тој е првоосомничен и за кој е во куќен притвор. Но, според разговорот од снимката, не добива потврден одговор од Боки 13.

Транскрипт од дел од разговорот меѓу Орце Камчев и Боки 13:

Орце Камчев: Ме интересира што добивам, како добивам и кога добивам. Не знам, женава влезена ли е во играта со нас, оваа Лиле, влезена ли е? Мене еднаш Чифлиганец ми бараше дуќан за нејзе за стоматолошки ординации. Јас одјебав све тоа.

Боки 13: Кога било тоа.

Орце Камчев: Пред влезам.

Боки 13: Не знам за претходно.

Орце Камчев: Значи, јас и ти си разговараме, во целата прикаска мора и таа да знае (се прекинува снимката од разговорот).

На последниот дел од снимките се слуша и женски гла, но како се уфрла во разговорот меѓу Боки и Орце, како му вели на Камчев да не се секира за ништо и дека се’ ќе биде ок.

Спонзорирано: