Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Велешанец под истрага за трговија со дрога во Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истрага против едно лице осомничено за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

„Осомничениот 38-годишен жител на Велес, на 6 август, неовластено заради продажба во својот автомобил превезувал 4.223,39 грама наркотична дрога марихуана и 1,98 грама амфетамин. Дрогата била откриена при сообраќајна контрола на неговото возило, во близина на една бензинска пумпа на патниот правец А3 Ресен-Битола“ се наведува во соопштението.

Надлежен јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Битола достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му изрече притвор во траење од 30 дена.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Позитивните економски параметри, потврдени и од Евростат, им сметаат на СДСМ, затоа што нивно време граѓаните живееја потешко, економијата стагнираше, инфлацијата рушеше рекорди

ДЕСК

ЌЕ ПЕЧЕ СОНЦЕ, А ПОТОА ЌЕ ТРЕШТИ НЕБОТО: Следува променливо и нестабилно време

ДЕСК

СЕ КРЕНАЛА ВРЕВА ВО ВИЗБЕГОВО: По расправија дошло до физичка пресметка меѓу двајца мажи

ДЕСК