17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да поддржиме закон со кој власта би се пресметувала со неистомислениците

СДСМ сака да донесе закон чија единствена цел ќе биде да се амнестира криминалот на фамилијата Заеви и нивните послушници, но и да можат да се пресметуваат со нивните неистомисленици од опозицијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Опозицијата нагласува дека нема да го поддржи законот со кој, како што вели, премиерот Зоран Заев наметнува услови. ВМРО-ДПМНЕ додава дека ќе се залага за закон со кој сите граѓани на Република Македонија ќе имаат ист третман.

„Лажни се убедувањата на СДСМ во нивните кругови дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде притиснато од странците. Нека не очекуваат дека меѓународната заедница ќе биде слепа и глува за неправдата што владее во Македонија“, велат од опозицијата.

Оттука додаваат дека со покривање на одговорноста на Заев, Шекеринска, Кики и Фрики во истpaгата за случајот „Peкет“, во кој, како што тврдат, вмешана е и специјалната јавна обвинитeлка Катица Јанева, се поткoпуваат шансите на Македонија за почеток на пристапните преговори со Европската Унија.