4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

„Комунална хигиена“- Скопје воведе најсовремен ГПС-систем за мониторинг на собирањето и транспортот на отпадот

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје воведе најсовремен ГПС-систем со којшто ќе врши надзор на движењето на сите специјални комунални возила за собирање и транспорт на отпадот, како и на моменталната состојба на исполнетост на капацитетот на садовите за отпад.

„Траекторијата на возилата, нивната моментална локација, брзината на движењето и потрошувачката на гориво се само дел од податоците што раководството на претпријатието во секој момент ќе ги има на увид, преку употребата на ГПС-системот за надзор. Воедно, преку поставените сензори на контејнерите ќе се утврдува колкава е моменталната исполнетост на нивниот капацитет и дали има потреба од нивно празнење.

„Очекуваме големи придобивки од воведувањето на овој систем за надзор на собирањето и транспортот на отпадот, најмногу преку увидот во движењето и локацијата на возилата, како и потрошувачката на горивото. Особено е значајна можноста сензорски да се утврди дали еден контејнер е целосно или делумно исполнет со отпад и во согласност со тоа да се испланираат активностите на екипите на претпријатието“, изјави директорот на „ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.