7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Австралиска фирма почна да работи само 4 дена во неделата и резултатите ги изненадија многумина

Фирма во Австралија воведе три слободни дена во неделата и веќе по еден месец забележала големи промени. Медиумската агенција „Верса“ од Мелбурн стигна во светските медиуми поради продолжувањето на одморот во секоја недела, а претпоставените велат дека моделот апсолутно успеал.

Вработените освен сабота и недела, ја имаат слободна и средата.

„Ние ја затвораме фирмата во среда, што им овозможува на нашиот тим во својот живот да има време за своето семејство, спорт или спиење, а да не мора сето тоа да го набие во викендот“ рекол Генералниот директор, Џони Клоу.

Директорката Кејт Блекмен минатата година ја тестирала четиридневната работна недела и многу се воодушевила.

„Откако испроба многу флексибилни аранжмани, кои не успеаа (луѓето земаа толку различни слободни денови поради што тоа не е возможно да се контролира), Кејт сфати дека може да создаде слободен ден за сите. Среда има смисла да биде слободен ден бидејќи е на средина на неделата. Го создадовме моделот „две мали недели“ и тој одлично функционира“ објаснил Клоу.

Од компанијата велат дека им рекле на вработените дека штом нема веќе да функионира овој модел, ќе престанат да го применуваат и дека тоа ги задржува луѓето мотивирани да работат. Вработените се пресреќни, полни со идеи за работа, што носи големи резултати.

„Самиот приход порасна за 46 отсто, а задржување на вработените е од 72 до 88 проценти. Тие се пресреќни, а компанијата успева и се надеваме дека со нашиот случај ќе им помогнеме и на другите компании да бидат доволно храбри за тоа“ заклучува Клоу.

Спонзорирано: