Centar.mk
БИЗНИС

Нови цени на горивата од понеделник

Регулаторната комисија за енергетика треба утре напладне да ги соопшти новите цени на горивата, кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела цените останаа непроменети, односно Бензин супер 98 се продава и понатаму за 71,50 денари литар, додека Бензин супер 95 – 69,50 денари литар.

Цената на дизелот останува 61,50 ден.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали минатата недела за 1,914 денари и килограм од тој енергенс чини 34,167 денар.

РКЕ ја донесе одлуката врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во тек на предминатата недела.

Останува утре да видиме дали не очекува намалување на цените на горивата.

Можеби ќе ве интересира

Дурмиши и Ристески на средба со бизнис заедницата: Владата продолжува со мерки за поддршка на домашните компании

ДЕСК

Лоши вести за возачите: Ново поскапување на горивата

ДЕСК

МФ: Собранието ја разгледа Фискалната стратегија 2027-2031 со која се обезбедуваат одржливи и стабилни јавни финансии

ДЕСК