Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сообраќајка на патот Миладиновци – Илинден, едно лице тешко повредено

Едно лице се здобило со тешки повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Миладиновци – Илинден.

Според информациите на МВР, В.М.(38) од Скопје со „Мерцедес Ц 200“ со скопски регистарски ознаки изгубила контрола и излетала од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот М.М.(43) кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, а В.М. се здобила со телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК