Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Џафери на Пелинце: Потребна е конкретна волја за остварување на реформите за ЕУ

Претседателот на Собранието, Талат Џафери се обрати во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, по повод Денот на републиката – 2 август, и по повод 75 годишнината од првото заседание на АСНОМ.

Џафери оцени дека во изминатите 2 и пол години биле донесени тешки државнички одлуки кои го деблокирале патот кон евроатлантската интеграција.

Во однос на датумот за почеток на преговорите со ЕУ рече дека постигнато е многу, но дополнително потребна е конкретна, не само декларативна волја за реформите.

Џафери посочи дека двата Илиндени се двата столба врз кои се темели државотворноста на државата.

„Многу знајни и незнајни јунаци ги дале животите, многу мајчини солзи, но и многу тажни песни и преданија, се пренесуваат од генерација на генерација, за сонот да живее“, изјави Џафери по повод празникот во Пелинце.

Можеби ќе ве интересира

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев – целата отштета ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби

ДЕСК

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

C +

Утре сончево време со температура до 16 степени

C +