Centar.mk
ЛОКАЛНО

Исчистени 200 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје

Во текот на масовната акција за генерално чистење на скопските општини, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје отстрани вкупно 200 кубни метри отпад од диви депонии.

Од претпријатието соопштија дека во рамките на акцијата се спроведоа активности за рачно и машинско метење, како и миење на главните и на споредните улици со автоцистерни, а во девет скопски општини се поставени специјални контејнери за собирање кабаст отпад, во кои граѓаните фрлиле 135 кубни метри отпад составен од стар мебел, електрична и електронска опрема.

Граѓаните во текот на целата година може да го однесат кабастиот отпад без плаќање паричен надоместок во центрите за селекција во Карпош и во Вардариште.

Можеби ќе ве интересира

ИЗМЕНЕТ СООБРАЌАЈ ВО ЧАИР ВО САБОТА – Возачите навреме да ги отстранат автомобилите

ДЕСК

Обновен рибниот фонд на Преспанското Езеро со околу 7.000 млади крапови

ДЕСК

ДЕЛ ОД СКОПЈЕ БЕЗ ВОДА – Планирани интервенции во Автокоманда и Карпош

ДЕСК