11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Власта и опозицијата се договорија за буџетот и одговорноста на обвинителите

Постигнат е напредок на средбата во Владата помеѓу власта и опозицијата за новиот закон на Јавното обвинителство со кој треба да се регулира и статусот на СЈО.

Заменик министерот за правда Оливер Ристовски оцени дека со опозицијата има приближување на ставовите во делот на зголемувањето на Буџетот и за изнаоѓање модуси за поголема одговорност на вработените и обвинителите.

„Тука имаме приближување на ставовите, во делот на зголемувањето на Буџетот што би го имало Обвинителството во Република Северна Македонија. Значи да го зголемиме Буџетот на Обвинителството, како би добиле поголема самостојност како орган. Разговаравме и за изнаоѓање модуси за поголема одговорност на вработените и на самите обвинители. Во овој момент имаме приближување на ставовите, мислам дека тука можеме да изнајдеме заедничко решение во Законот“, рече заменик министерот Ристовски.

Тој додаде дека состаноците и разговорите за Законот за Јавното обвинителство, кој е во собраниска процедура, а за кој меѓународната јавност дала позитивна оценка за текстот, ќе продолжат и во текот на оваа недела и дека измените кои ќе се договорат, ќе одат амандмански во Собранието.