Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Со помош на овие трикови никогаш повеќе нема да јадете навечер!

Ако имате грда навика да јадете навечер, и тоа во изобилство и нездраво, еве некои совети кои би требало да ги прифатите и да се обидете да ги промените животните навики кои не ви се од корист.

Јадете повеќе

Немојте да гладувате цел ден, бидејќи поради гладта навечер ќе изедете многу повеќе од она што треба. За доручек и ручек јадете оброци полни со протеини и влакна, секако е поздраво од слатки и разни грицки. Ако чекате до вечер за да јадете телото ќе се стави во стресна позиција да „бара“ јадења богати со шеќер за да го врати нивото на инсулин во нормала.

Активирајте се

Вежбањето ви помага во согорувањето калории и го забрзува метаболизмот. Ова ќе ви помогне да јадете повеќе преку ден, а исто така ќе ви го подигне нивото на ендорфин така што нема да имате потреба од грицкање храна навечер за да го подигните расположението. Задолжително јадете пред и после секое вежбање за да го одржите шеќерот во нормала.

Хранете се поздраво

Кога јадете нездрава храна телото ќе почне да ја бара се повеќе. Така, свртете го процесот и почнете да се храните здраво. Многу луѓе јадат грицки ноќе баш затоа што организмот им е навикнат на тој режим на исхрана за време на остатокот од денот. Јадете повеќе овошје и зеленчук и набрзо ќе почнете се почесто да се храните здраво.

Спијте подолго

Недостатокот од сон не е добар за многу работи, а една од нив е што прилично рапидно го зголемува апетитот така што не лачи доволно инсулин и лептин. Намаленото лачење на овие два хормона може да доведе до тоа да помислите дека сте гладни и кога не сте, а ноќе ретко кој одлучува да изеде салата, бидејќи грицките се полни со шеќер. За да го избегнете ова обидете се да отспиете барем 8 часа.

Купувајте паметно

Кога во продавница купувате намирници, купувајте што повеќе здрава храна. Наместо слатки и грицки купувајте овошје и зеленчук. На тој начин кога ќе го отворите фрижидерот навечер во потрага по храна нема да може да се храните нездраво, единствена опција ќе ви бидат нискокалоричните оброци полни со корисни состојки.