Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Што ќе ви се случи ако пиете кафе на празен желудник?

Дали кафето е здраво за нашиот организам е прашањето кое стручњаците често го поставуваат. Секако кафето пружа бројни погодности на организмот, но постојат некои работи на кои мора да внимавате.

Кафето е важен антиоксиданс, па дури е докажано дека во некои ситуации спречува развој на малигни клетки – но доколку кафето го пиете на празен стомак, тогаш работите и не се толку позитивни.

Шоља чисто црно кафе на празен желудник поттикнува создавање на желудочна киселина што посебно не им годи на луѓето со гастритис. Дури и здравите стомаци не се поштедени бидејќи лачењето киселини ќе ви предизвика проблеми со варењето.

А протеините кои не успеваат да се сварат, предизвикуваат надуеност, повраќање, иритација, воспаление, па дури и рак на дебелото црево. Затоа стручњаците препорачуваат пред кафето да изедете кришка леб.

Можеби ќе ве интересира

Најдобрите додатоци во исхраната за артритис, според нутриционистите

ДЕСК

Храна која природно има заштитен ефект врз забите

C +

Нутриционистите тврдат: Овој појадок го храни мозокот и ве прави попаметни

C +