Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
ЗДРАВЈЕИЗБОР

СЕГА Е ВРЕМЕ: Еве што ќе направат 20 цреши за вашето тело

Црешите содржат витамини А, Б и Ц, биофлавоноиди, елагична киселина, антоцијанин и мелатонин. Тоа ги прави сјајни борци против рак, срцеви болести, а ја ублажуваат и главоболката.

Свежите цреши се добри за отстранување на физичката и менталната исцрпеност, па поради тоа понесете ги во канцеларија и јадете ги како меѓуорок.

Научниците од Универзитетот Мичиген тврдат дека антоцијанините од темните цреши можат да ја намалат количината на масни наслги на стоматкот и да го намалат нивото на холестерол и шеќер во крвта. Накратко – сјајни се и за вашата линија!

Според научните истражувања, флавоноидот кој може да се најде во црешите има антиканцерогени својства, а помага и во спречување на срцеви заболувања.

Антоцијанините кои се наоѓаат во црешите ги блокираат воспалителните ензими и ги намалуваат болките. Всушност 20 цреши на ден се десет пати поефикасни од аспирин.

Можеби ќе ве интересира

Најдобрите додатоци во исхраната за артритис, според нутриционистите

ДЕСК

Храна која природно има заштитен ефект врз забите

C +

Нутриционистите тврдат: Овој појадок го храни мозокот и ве прави попаметни

C +