Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: За ВМРО-ДПМНЕ капитални инвестиции беа барокот, стиропорот и провизиите

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што економијата расте и што целата држава е во изградба и не може да се помири со тоа што парите на граѓаните веќе не завршуваат во нивниот скапоцен дворец, соопшти СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ за време на нивното владеење за капитални инвестиции ги броеше лажниот барок, стиропорот, провизиите од автопатите, а често правеа манипулации и вештачки ги пумпаа податоците.

Само во последниот месец реализацијата на капиталните инвестиции пораснала за 10 отсто, а во пресметката не се влезени патиштата што ги гради Јавното претпријатие за државни патишта.

Само во патната инфраструктура во моментов се реализаираат над 80 проекти со вкупна должина од над 700 километри. Се гради во секој дел од државата, а реализацијата во патната инфраструктура е над 34 отсто. Процесот на гасификација е со реализација од 48 отсто.

Околу 50 отсто е реализирана изградбата на пругата Куманово – Бељаковце, а завршена е изградбата на пругата Битола – Кременица. Во тек е реализација на проекти во дваесеттина општини во изградба на комунална инфраструктура во должина од 186,8 километри и опфат на 225.000 граѓани. За само две години завршена е патна мрежа со вкупна должина од 480 километри. За 2 години СДСМ за инфраструктурата направи многу повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ за цели 11 години“ се вели во партиското соопштение.

Можеби ќе ве интересира

Почина Кире Ѓорѓиевски – беше осуден на 13 години затвор за настаните на “27-ми април”

ДЕСК

Центарот за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

ДЕСК

ПОЧНА ГЛАСАЊЕТО: Вкупно 4.826 болни или немоќни лица и 1256 затвореници можат да го остварат своето право на глас на вториот круг од локалните избори

ДЕСК