Centar.mk
КУЛТУРАИЗБОР

Саркофаг од 2 век пронајден при реконструкција на улица во Карпош 4

Несекојдневни ископини пронашле градежните работници кои работат на реконструкција на улица во скопската населба Карпош 4.

Како што е објавено на официјалната фејсбук-страница на Музеј на град Скопје, при градежниот зафат во близина на слаткарницата „Палма“, пронајдени биле камен саркофаг и три елементи на надгробен олтар, кои потекнуваат од римски период, од 2 век од нашата ера.

https://www.facebook.com/muzskopje/posts/486751688810766

Интересен куриозитет е тоа што голем дел од артефактите изложени пред Музејот на град Скопје се ископани на локации во близина на трговскиот центар „Лептокарија“ во Карпош 3 кој е изграден на место каде во минатото сe наоѓала една од некрополите на Скупи.

Можеби ќе ве интересира

Објавена „Македонската борба за државност меѓу Сцила и Харибда“ од Владо Поповски – значајни дела за македонската историографија по повод 35 години „Матица“

ДЕСК

Објавен романот „Немам страв“ од Трајче Стамески – психолошки трилер каков што македонската книжевност досега немаше

ДЕСК

Саем на книга ќе се одржи од 23 до 29 април 2026, под слоган “Отвори прозорец кон нови светови”

ДЕСК