Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Народниот театар од Битола вечерва гостува на „Охридско лето“

Народен театар Битола ja носи на „Охридско лето“ театарската претстава „Бакхи – Краток преглед на распадот“ по Бакхи од Еврипид, а во режија на Игор Вук Торбица. Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот.

Според режисерот Игор Вук Торбица, меѓу преостанатите и сочувани грчки трагедии на Еврипид, Бакхи се издигнува поради неколку тематски и формални причини, но, како што вели, можеби најважна е таа што Бакхите ја содржат алузијата на театарот сам по себе и фактот дека тие говорат за неговата скриена моќ и нашето цивилизациско сознание, моќта на раскажување приказни.

„Текстот е длабока загатка за релативноста и променливоста на нашиот идентитет. Студија за тоа во што го препознаваме божественото, истовремено и потсетник дека тоа, ‘божественото’, доаѓа во облици кои не сме подготвени да ги прифатиме и да ги препознаеме. Но, можеби најинтересното прашање со кое се занимаваме во нашата претстава е зошто нашиот идентитет, наместо во вредностите кои ги делиме и за кои се бориме, пред сè е конституиран ‘со она другото’ – непријателство спрема „надворешниот противник’? Дали на тој начин криеме дека вистинскиот „непријател меѓу нас – сме самите ние?’, дека сме вистински странци себеси и едни на други, односно дека ништо не нè саботира повеќе отколку општествените препреки коишто самите си ги наметнавме“, вели Вук Торбица.

Во претставата „Бакхи – Краток преглед на распадот“ играат Маја Андоновска – Илијевски,Огнен Дранговски, Соња Михајлова, Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Мартин Мирчевски, Васко Мавровски, Викторија Степановска – Јанкуловска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Сандра Грибовска и Анастазиа Христовска.

Драматургијата е на Билјана Крајчевска, сценографијата ја изработи Валентин Светозарев, а костимите се на Благој Мицевски. Автор на музиката во драмата е Александар Димовски.

Можеби ќе ве интересира

Доделување на наградата „Оливера Николова“ и промоција на победничкиот роман „Џинџуџе“ од Ермис Лафазановски

ДЕСК

„Матица македонска“ ја објави „Овие тивки, темни води“ од Кристина Мекдоналд, авторката на „Ноќта кога Оливија падна“, најпродаваната книга според USA Today

ДЕСК

Black Friday во „Литература.мк“ со попусти до 90% цел месец!

ДЕСК