Доколку до сега не сте знаеле а сакате да дознаете какви сте во кревет вие или вашиот партнер според хороскопскиот знак тогаш веруваме дека ќе ова што ќе го прочитате ќе ви биде од корист.
Овен– тие се вистински кралеви на страста и обожуваат кога партнерот си поигрува со нивното трпение. Како љубовници се брзи, жестоки и бликаат со сексуална енергија. Не се љубители на романтични изјави, тие го сакаат дивиот секс. Не водат голема сметка за контрацепцијата зашто никогаш не сакаат да го планираат сексот. Ги возбудува да бидат учители во креветот и сакаат да ја осетат енергијата на партнерот. Сакаат брз ритам во сексот.
Бик– спаѓаат во категорија на романтика и комоција. Тие се создадени за секс и нивниот сексуален однос трае со часови. Сакаат да се возбудуваат со погледи, сакаат силен мирис на телото на партнерот и се доста гласни во сексот. Заведувањето ги возбудува повеќе од самиот чин на сексот. Сакаат долга предигра и долг ноќен сексуален однос.
Близнаци– Се подготвуваат за секс и преку телефон или пак, преку сурфање на порно сајтови на интернет. Сакаат да зборуваат за секси фантазии. Обожуваат сѐ што не трае дплго и за тоа што не им се потребни долги подготовки. Љубопитни се а воедно и вистински мајстори за брз секс. Сакаат игра на зборови и интелектуални двосмислени еротски разговори. Ги пали идејата за брз непланиран секс.
Рак– Раковите можат да бидат доктор за секс, но ако овој знак не почуствува емоционална поврзаност со партнерот, тешко ќе се возбуди. Сакаат да им зборувате за тоа колку ги сакате. Не сакаат секс за една вечер, тие сакаат безусловно и целосно се предаваат на сексот. Водата ги возбудува, па се препорачува секс во када полна со миризлива сол, која гарантира дека ќе ја доживеат сексуалната екстаза.
Лав– Станува збор за огнен знак е жесток и темпераментен љубовник. Сака екстравагантна атмосфера и да се почувствува како крал во постелата. Го возбудува чувството на доминација и еротска масажа. Доколку нема многу време за секс, и оној кој ќе се случи набрзина ќе го претвори во вистинско величествено доживување. Го возбудува статусот и реномето на партнерот, но и богатото салдо на вашата сметка.
Девица– Сѐ во животот прават со голема организираност, а тоа се однесува и на сексот. Најлесно ќе ги возбудите со некоја шок-ситуација. Изрежирајте некоја ситуација која тие нема ни во сон да ја очекуваат. Тие го обожуваат сексот со акцент на „што попервезно, тоа подобро“. Сѐ што е на граница на перверзија неодоливо ги привлекува, па така понекогаш повеќе ги возбудива попатниот секс, отколку повеќе часовното галење и бакнување.
Вага– Вагите се големи љубители на секси долна облека, која колку е попровокативна, толку подобро. Сакаат комбинација на невиност и перверзија со тоа што во двете варијанти треба да ви се потенцираат атрибутите. Флертувањето и прегигрите им се исто толку битни колку и самиот сексуален чин. Накратко, за нив е потребна убавина во различни облици за да му се предадат на партнерот.
Скорпија– Се сметаат за кралеви на Еросот, така што речиси и не им е потребно флертување. На секс помислуваат безброј пати на ден и речиси нема миг кога немаат активни и валкани фантазии за партнерот. Подеднакво уживаат и во секс од пет минути и во секс кој трае со часови. Некогаш се опасни со својата агресивна сексуалност, па може да ги исплашат понеискусните партнери. Тие се енергични, страсни и моќни љубовници.
Стрелец– Сакаат да имаат своја лична слобода. Големи авантуристи кои обожуваат случаен спринтерски секс затоа што тој им е сигурност дека не треба да се врзат за партнерот. Доколку им предложите секс во крајно невообичаени околности, ќе ги воодушевите. Ги возбудува сѐ она што на другите им е невообичаено. Сакаат ризик и неизвесност. Големи љубовници кои зрачат со неодолива сексуална енергија и ви гарантираат спектакуларно сексуално доживување.
Јарец– Обожава ред, работа и дисциплина и почесто имаат брз секс бидејќи за некоја подолга сексуална врска најчесто немаат доволно време. Во интимните моменти ги возбудува чувството дека се моќни и подоминантни во однос на партнерот. Ги одбива сѐ што е ризично и егзибиционистичко. Тешко се опуштаат, постојано си го контролираат либидотот и најчесто се срамат да ги оживеат еротските фантазии.
Водолија– Сакаат сѐ што е невообичаено и што никој друг го нема правено. Ќе ги возбудат оригинални предлози, приказни и ментални стимулации кои ќе ја разбудат нивната егзибиционистичка сексуална природа. За нив сексот е само секс без оглед колку трае временски. Ги возбудува помислата дека некој може да ги начека во невообичаена положба. Често може да им се случи да имаат секс на јавна места.
Риби– Рибите сакаат вие да ја превземете лидерската улога во иницирање на сексуалниот однос и во тоа уживаат. Сакаат да ги предизвикате со погледот и со галење, за потоа да ја покажат својата сексуална енергија под чаршафите. Ретко кога тие викаат „не“ на покана за секс. Сакаат креативни љубовници и речиси секогаш се подготвени за најразличен сексуален однос, па доколку ги поканите со погледот, тие нема да ве одбијат.