Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

„МКЦ за Скопје“ за првпат во паркот на МКЦ

Мултимедијалниот културен настан „МКЦ за Скопје“, кој традиционално се одржува на 26 јули, со цел да нè потсети на солидарноста и хуманоста на скопјани, оваа година ќе се одржи во паркот на МКЦ.

Настанот е бесплатен, програмата ќе почне во 18:30 часот со детските работилници на уметникот Доротеј Нешовски и писателката Билјана Црвенковска. Потоа следуваат промоции на LP-компилациите „Колку гласно морам да викнам за да ме чујат?“ и „Има ли забава – Macedonian new wave 1981-1985“ од Тошо Филиповски, како и промоција на неговата нова книга „Македонска дискографија – ВИНИЛИ (1958-2019), Прв том“ која ќе може да се купи по промотивна цена. По промоциите ќе започне музичката програма која ќе ја исполнат „Светлост“, „Јордан Костов трио“ и „Роботек“.

Настанот ќе заврши со кино на трева: „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде и Данило Шербеџија.

Можеби ќе ве интересира

Дина Јашари со концерна промоција на албумот „Растенија без корен“ во Скопје

ДЕСК

Доделување на наградата „Оливера Николова“ и промоција на победничкиот роман „Џинџуџе“ од Ермис Лафазановски

ДЕСК

„Матица македонска“ ја објави „Овие тивки, темни води“ од Кристина Мекдоналд, авторката на „Ноќта кога Оливија падна“, најпродаваната книга според USA Today

ДЕСК