15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Неприфаќањето на предлогот за Рускоска е алиби на Мицкоски за неприфаќање на новиот закон

Зад наводното неприфаќање обвинителката Рускоска да продолжи да го води Јавното обвинителство се крие само уште едно алиби на ВМРО-ДПМНЕ за неприфаќање на новиот предлог закон, велат од СДСМ преку соопштение, коментирајќи го ставот на опозицијата.

Од владејачката партија сметаат дека единствената цел на Христијан Мицкоски е да го брани криминалот на Никола Груевски.

„Во амандманите што ВМРО-ДПМНЕ ги имаше дадено на претходниот текст на Законот за јавно обвинителство во работните групи предлагаа спојување на СЈО во ОЈО. Во ниту еден амандман не се бараше прекин на мандатот на обвинителката Рускоска, односно, како што е и со сегашниот предлог, да продолжи да ја врши функцијата. Тоа што не им сметало сега одеднаш им смета, со што се потврдува дека само бараат алиби за неприфаќање на законското решение“, велат од СДСМ.

Додаваат дека обивнителите ги бира Советот на јавни обвинители, а предлог-законот предвидува спојување и оттука логично е мандатот да го продолжи обвинителката којашто веќе ја извршува оваа функција.

Можеби ќе ве интересира

Бујар Османи ја претстави програмата за спорт: Модерна спортска инфраструктура, финансиска поддршка за спортистите и нови спортски клубови

C +

Изминатите два дена 1455 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 348 за брзо возење

C +

СДСМ: Владата да не ја штити Михајлов туку да ја разреши, за милионските скандали со Еразмус+ мора да има одговорност

C +