9.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во возило пронајден амфетамин, осомничениот се обидел да го исфрли кога ја видел полицијата

Јавен обвинител од скопското обвинителство поднесе обвинение против едно лице за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Кај обвинетиот, полицијата на 3 јули, при вршење контрола и личен претрес во возило во кое биле повеќе лица, пронашла една полиетиленска паковка со супстанца амфетамин во вкупна нето маса од 41,59 грама. Откако возилото било запрено, осомничениот кој седел позади совозачкото место и се превезувал како сопатник, се обидел да ја истури супстанцата но во тоа не успеал.

При преземање на натамошни истражни дејствија, извршен е претрес во станот во Скопје во кој привремено престојувал осомничениот, 20-годишен жител на Пробиштип. При тоа, пронајдени се 39 таблети метилен -диоксиметамфетамин, дигитална вага со остатоци од наркотична дрога – марихуана и прашкаста материја која претставува психотропна супстанца – амфетамин. Со тоа обвинетиот го сторил кривичното дело кое му се става на товар.

Со поднесување на обвинението, јавниот обвинител до надлежниот Основен кривичен суд – Скопје достави и предлог за продолжување на определената мерката притвор за обвинетиот бидејќи ценеше дека постојат оправдан страв од бегство на обвинетото лице и дека лицето ќе го повтори кривичното дело.

Спонзорирано: