Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Експретседател на пензионерско здружение го оштетил буџетот за над 720.000 денари

Полицијата поднесе кривична пријава против Љ.Д. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Како што јави МВР, во текот на 2015 година, пријавениот во својство на претседател на Здружението на пензионери „Општина Бутел Нов Живот“ од Скопје, постапил спротивно на одредбите од Законот за здруженија и фондации, како и донесените одлуки на здружението, при што од сметка на здружението, во повеќе наврати противправно и неосновано биле подигани парични средства на име на материјални трошоци, исплати кон членови на здружението, како и надворешни лица за репрезентација, угостителски услуги, одржување и набавка на материјални средства, градежни материјали и превоз на патници, без при тоа да бидат донесени соодветни одлуки и решенија од органите на управување на здружението.

Исто така, пријавениот набавил и компјутери кои ги евидентирал како основни средства на здружението, при што истите не биле евидентирани во пописните листи за 2016, 2017 и 2018 година и физички не се наоѓале во здружението. Со наведените дејствија пријавениот нанел штета на буџетот на горенаведеното здружение во износ од 723.016 денари.

Можеби ќе ве интересира

ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ДУВА И СИЛЕН ВЕТЕР: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Грабеж во центарот на Скопје: Малолетно девојче ограбено на автобуска постојка во најголемите гужви, арамија и’ го зело телефонот

ДЕСК

Серија физички пресметки низ угостителски и други места низ Скопје – во еден случај маж бил удиран со кундак од пиштол

ДЕСК