Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев ја демантира лажната вест на ВМРО-порталите: Не сум се слушнал со Катица Јанева, стојам зад неа како личност

Премиерот, Зоран Заев, рече дека тој не е функционерот кој наводно се слушнал со специјалната јавна обвинителка во оставка, Катица Јанева, непосредно пред да и биде одземен телефонот во истрагата за „рекет“. Според објави на интернет веб сајтови во сопственост на опозицијата и структурите од режимот, Јанева се слушнала со висок владин функционер и со еден странски дипломат.

-Можеме да прочитаме се и се што во медиумите, јас можам да кажам за себе, не сум се слушнал со Катица Јанева, апсолутно не. Гледам дека седењето на компјутер е правење идеја како да се има примамлив текст за читање, но граѓаните можат јасно да оценат што е што – рече Заев на денешната прес конференција.

Премиерот им порача на новинарите да ги прашат дипломатите во Македонија ако сакаат да дознаат на кого му се јавила Катица Јанева.

-Ако некој со некого контактирал тоа можете сами да го утврдите во постапката, да ги прашате соодветните луѓе, Катица Јанева или дипломатите. На крај јавното обвинителство рече дека е отидено во нејзиниот дом, земен е само телефонот, не е правен претрес, се со цел да се утврди нејзина инволивраност, дали е тоа соучесништво или е само злоупотребена во оваа работа. Кога се работи за вакви личности за кои јавноста има заинтересираност, јавното обвинителство е должно да даде информација дали се работи за злоупотреба или употреба на Јанева во овој процес – рече Заев.

Тој посочи дека стои зад Јанева како личност додека не се докаже дека е виновна.

-Кога луѓе кои се бореле за правда и покажаа храброст во време кога сите шупотеа… и те како стојам зад таква личности, додека не се докаже дека е инвливирана во криминал секако дека стојам зад неа како личност – рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК