14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

ДЗС со кампања за заштита од пожари

Дирекцијата за заштита и спасување со поддршка на ЕВН од вчера почна кампања за заштита од пожари на целата територија на Републиката преку едуцирање на населението за намалување на заканите од пожари со помош на едукативен прирачник и постери со чекори за заштита во случај на шумски пожари. Дел од активностите на кампањата вклучува делење прирачници за намалување на заканите од пожари, поставување едукативни постери на повеќе места во градот Скопје, на наплатни станици и на излетничките места.

Целта на оваа кампања е да се влијае превентивно и едукативно преку подигнување на свеста на населението за сите можни ризици што пожарите ги носат како катастрофа бидејќи влегуваме во таканаречен критичен период во годината за појава на пожари на отворен простор.

Дел од агендата на кампањата е вклучување на тимот на ДЗС на летниот фестивал „Самерленд“, па така оваа сабота, 20 јули 2019, во 18 часот, на штандови ќе одржи едукативно предавање, ќе дели летоци со препораки за однесување на отворен простор на посетителите и ќе се обиде на директен начин со публиката да ја подигне свеста за заштита на шумите.

Намалувањето на заканите од пожари е само најава за низата кампањи што ќе се водат со мотото „Иднината им припаѓа на оние што се подготвени“, а ќе вклучуваат кампања за намалување на последиците од поплави, земјотреси и други катастрофи предизвикани од природата и човекот. Една од поважните проекти на кој работи тимот на експерти при Дирекцијата за заштита и спасување е изготвување на семејниот прирачник, кој ќе биде промовиран наесен“.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.