Centar.mk
БИЗНИСИЗБОР

„Употребливо до“ и „Најдобро да се употреби до“ ВООПШТО не значат исто!

Голем број потрошувачи не прават разлика меѓу ознаките „Најдобро да се употреби до“ и „Употребливо до“, поради што секоја година во ѓубре завршува повеќе храна отколку што би требало.

Се проценува дека во Европска унија се фрлаат десетици тони прехрамбени производи годишно кои може да се употребуваат.

„Најдобро да се употреби до…“
Доколку се работи за ознака со најдобро е да се употреби до, тоа е всушност датум до кој храната го има гарантираниот квалитет од производителот, но не значи и дека по тој рок производот е расипан, се разбира доколку пакувањето не е оштетено или доколку производот не е чуван согласно декларацијата.

По наведениот датум, храната може да почне да го губи вкусот, но не и да се расипе. На тој начин се означени разладени, смрзнати, сушени производи и конзервирани намирници.

„Употребливо до…“

Овие зборови го означуваат датумот до кој храната може безбедно да се користи.

Обично се работи за храна која е брзо расиплива и која по кратко време може да претставува непосредна опасност за здравите луѓе.

Можеби ќе ве интересира

Синдикална минимална кошница за месец декември порасна на 65.173 денари

ДЕСК

Јанкуловски: Трезорот функционира редовно, исплатите се во тек и до крајот на годината ќе се исплатат обврските

ДЕСК

На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември

C +