1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Министерство за финансии: Фирмите добија 196 милиони евра поврат на ДДВ во првото полугодие

Преку 12 милијарди денари или 196 милиони евра се инјектирани во стопанството во првата половина од годинава, преку редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите. Согласно податоците на Министерството за финансии повратот на ДДВ кон фирмите заклучно јуни е поголем за околу 20 проценти во однос на истиот период лани или за скоро 2 милијарди денари.

Ако се направи споредба пак со 2017 година, повратот на ДДВ во првото полугодие е повисок за 3,2 милијарди денари или за околу 37 проценти. Во споредба со 2016 година повратот е повисок за 4,9 милијарди денари или 69 отсто.

Заменик министерката за финансии Ширет Елези вели дека со редовниот и неселективен поврат на ДДВ се подобрува ликвидноста на фирмите.

„Навремениот и неселeктивен поврат на ДДВ е значаен за непречено оперативно работење на фирмите, но и за нивната инвестициска активност. Затоа Управата за јавни приходи направи Модул за автоматски поврат и пребивање даноци кон сите даночни обврзници. Главната цел е прецизно и навремено извршување на повратот и пребивањето даноци кон даночните обврзници“, вели Елези.

Заменик министерката за финансии посочува дека позитивните тенденции во стопанството се огледаат и преку добрата наплата на даночните приходи, вклучително и ДДВ. Таа додава и дека засилената активност на фирмите се покажува преку високиот раст на брутоинвестициите од 9,9 отсто во прво тримесечје од 2019 година.

Можеби ќе ве интересира

Стабилни резултати во првата половина од годината како резултат на стратешкиот и таргетиран одговор на трендовите на енергетскиот пазар

ДЕСК

Индустриското производство во јуни 2025 година е зголемено за само 0.5 % во однос на јуни 2024 година

ДЕСК

Во јуни 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 22.5 %

ДЕСК