Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заев откри каде и со кој ќе оди на одмор ова лето

Не се правам дека ќе работам цело лето, ќе одам и на одмор, кажа премиерот Зоран Заев на денешното гостување во Телевизија Клан.

-Сакам да одам во Грција затоа што две години не сум бил. Повеќе ми е важно да ги убедам ќерката и синот да дојдат со мене. Ќерка ми ми е матурантка, 18 години, па може и ќе оди со момчето, а за тато белким ќе најде време барем за тие денови. Може ќе одам кај пријателот Алексис Ципрас. Охрид не ми бега за викендите. Имам намера во текот на август после Илинден, да се одморам. Како ќе кажат сопругата и децата, мене ми е важно да дојдат тие, затоа што тие како што знаат да ги наполнат батериите не знае никој – кажа Заев.

Можеби ќе ве интересира

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

C +

Мицкоски: Владата проактивно работи на реновирање на туристички сместувачки капацитети, очекувам 2026 година да имаме раст на бројот на туристи

C +