Centar.mk
КУЈНА

Многу вкусно: Рецепт за гравче – тавче

Гравче тавче – Рецепт:

750г. грав, две главици кромид (црвен), масло (гравот треба обилно да биде залиен), црвена пиперка, малку сол

Начин на подготовка

Белиот грав ставете го да се свари во водата. Исцедете го од првата вода и ставете го во другата вода на повторно варење.

Заедно со гравот ставете една глава црвен кромид кој ќе биде ситно исецкан.

Запршка:

Во посебен сад загрејте го маслото и накратко испржете го црвениот кромид.

На спржениот кромид додадете една лажица брашно, промешајте и пржете кратко, додадете и 1 лажица црвен пипер.

Отстранете ги пиперките од водата, и отстранете им ги семките и шишката.

Кога гравот е сварен додадете ја запршката.

Додајте бел лук, магдонос и пиперка.

Додадете сол и бибер по вкус и сето добро промешајте го
Вака подготвен грав се пече во рерна на 200 ° C околу 40 минути.

Уживајте.

Можеби ќе ве интересира

Сите ја прават оваа грешка: Вака јагодите ви скапуваат за еден ден

ДЕСК

Тајна за совршено крцкави компири: едноставен трик што го користат професионалци

ДЕСК

Колку време варениот грав е безбеден за јадење?

ДЕСК