14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги злоупотребува институциите за политички прогон врз неистомислениците

СДСМ ги злоупотребува институциите за политички прогон врз неистомислениците. Законите не важат за Рашковски, Дудуш и послушниците на Заев. Македонија е единствена држава во Европа којашто има политички затвореници кои се жртва на прогон на Зоран Заев. На Заев не му е доволно да нарачува обвиненија против неистомисленици, па сега се изживува врз нив, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, обвинителството и судството работат под диктат на Заев и СДСМ. Тоа најдобро го покажува и последниот случај каде што 8 обвинети во предметот ,,Шпански скали” се наоѓаат во притвор во истражниот случај со образложение дека ќе влијаат врз сведоците, а сведоците во досегашната постапка сè уште не се изведени иако поминаа повеќе од десет дена.
Политичкиот прогон стана секојдневие.

„Повеќе од 10 дена четири жени се наоѓаат во истражниот затвор Шутка осудени на нечовечки и нехуман третман. Тие се жртви на прогонот на Заев, а единствена нивна вина е што ги извршувале своите работни задачи и дале мислење за предмет што е во нивна надлежност. Димитар Димовски, кој е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, и Дејан Митовски, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром, се само дел од жртвите на заевизмот само поради тоа што ги обелоденија катастрофалните и криминални политики од страна на власта.

Власта со злоупотреба на органите на прогонот сака да ги заплаши сите слободномислечки граѓани. Заев и неговиот криминален картел на власт се во паника поради слабиот рејтинг и знаат дека масовно ја губат поддршката од страна на граѓаните и со монтирани случаи ја дефокусираат јавноста. ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш преиспитување на одлуките за притвор на сите осомничени лица. Судството и обвинителството мора да се ослободат од спрегите на Заев и СДСМ и да носат одлуки исклучиво врз доказите и фактите, а не според желба на деспотот Заев и неговиот криминален картел. Со СДСМ и Заев на власт Македонија и граѓаните губат.
СДСМ и Заев наместо подобра иднина за граѓаните донесе само неправда, криминал и нечесност на секој чекор. Правната држава во Македонија ќе се врати кога СДСМ и Заев ќе си заминат.
На Македонија ѝ се потребни промени”, се додава во соопштението.

Спонзорирано: