Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

АВМУ тврди дека нема висок процент на поништени јавни набавки

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги демантира тврдењата на Центарот за граѓански комуникации изнесени на 9 јули 2019 година за време на презентирањето на третиот извештај во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch II“, дека во однос на јавните набавки, Агенцијата „има висок процент на најнепопуларното поништување, односно за неприфатлива понуда“, како и дека по тој основ биле поништени 40 проценти од јавните набавки.

„Во 2018 година Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги има реализирано 30 јавни набавки. Поради неприфатлива понуда беа поништени само 2 (две) јавни набавки. Оттука, целосно е неточно дека е висок процентот на поништување, бидејќи повторуваме станува збор само за 2 (две) јавни набавки.

Вака претставените информации ја доведуваат во заблуда јавноста и создаваат погрешна слика за институцијата која работи согласно важечките законски прописи и редовно ја известува јавноста за своите активности во насока на обезбедување што поголема транспарентност”, се вели во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Дожд и снег со локално над 50 l/m² – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК