Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Масло со бел лук го зајакнува срцето

Неодамнешните истражувања покажале дека лукот го штити срцето од оштетување на клетките предизвикано од срцев удар.

Масло кое содржи главица бел лук има медицински состојки кои спречуваат оштетување на срцето и артериите. Научници тестирале врз глувци, тие 45 минути им ја блокирале работата на циркулаторниот систем и симулирале срцев удар кај глувците.

После тоа, ги оживеале и им дале неколку капки масло, во кое имало лук. Глувците закрепнале без големи последици по организмот. Истражувачите на Американскиот универзитет Ејмори, кои работеле на истражувањето им предложиле на фармацевтските компании да додадат капки со масло и лук како состојка во таблетите за регулирање на срцето и циркулацијата на крвта.

Со редовно консумирање на таблети кои содржат лук и масло, се намалува можноста за оштетување на срцето за дури 61 процент.

Во тренд