9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕИЗБОР

Како топлата вода му помага на нашиот организам? Еве зошто треба да пиете чаша топла вода наутро

Обично пиеме ладна вода, но според ајурведската медицина тоа не е добро. Од друга страна, редовното пиење топла вода може да ни го подобри варењето и да не ослободи од метаболичкиот отпад.

Лекарите препорачуваат пиење топла вода наутро, со додаток на лимон или како чај кој ја намалува активноста на слободните радикали, вели Стела Метсовас, клинички нутриционист, пренесе Медикал дејли.

Разладената вода е лишена од многу минерали, поради што е неприкладна за органите за варење, посено ако се пие пред оброк.

Сепак ако сакате да пиете ладна вода, не го правете тоа барем 20 минути пред оброкот, дури и ако е природна изворска. Топлата вода не е вкусна, но има чудотворна моќ.

Го подобрува варењето – Чаша топла вода наутро помага при чистење на телото од токсини. Водата, имено, помага при разградување на храната и правилна работа на органите за варење, а топлата вода тоа го прави многу подобро и побрзо. Ладната вода за време или по оброкот може да ги „зацврсти“ маснотиите од конзумираната храна и да создаде масни наслаги во цревата. Со ладењето, водата ги губи своите минерали, а тие се нужни за здравјето на системот органи за варење.

Ги ублажува болките – Топлата вода помага и кај меунстралните болки. Топлината смирувачки делува на стомачните мускули, ублажувајќи ги грчевите.

За слабеење – Ја подигнува температурата на телото, со што се забрзува метаболизмот. Телото така согорува повеќе калории.

Го успорува стареењето – Топлата вода предизвикува побрзо чистење на организмот од отрови кои можат да го забрзат стареењето.