3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
МОЗАИКИЗБОР

Како на филмовите: Мечка во Колорадо влегла во автомобил, го ставила во лер и возела 30 метри по надолнина

Деликвентска мечка насилно влегла во паркиран автомобил во Колорадо и успеала да извози 30 метри по надолнина пред да го удри возилото во дрво и да исчезне без трага, пренесува РТ. Инцидентот се случил минатиот четврток.

Мечката ја отворила вратата и се качила во отклучениот автомобил во гратчето Боулдер, Колорадо, објави канцеларијата на локалниот шериф. Потоа вратата се затворила и мечката очигледно се почувствувала заглавена, па почнала френетично да излегува и случајно со задникот го ставила автомобилот во лер.

Возилото почнало да вози по патот и се спуштило 30 метри по ридот, а запрело откако удрило во дрво, по што мечката излегла и избегала.

Сликата од „местото на злосторството”, што ја сподели канцеларијата на шерифот на округот Боулдер го покажува уништениот „хечбек“ во близина на едно дрво, со широко отворени врати и уништена внатрешност. Целата ситуација служи како добар потсетник за да се заклучуваат вратите на автомобилите, особено во земјата на мечките, рече полицијата.

Ова не е прв случај мечка да влезе во паркирано возило во Колорадо. Минатата година безбедносна камера во Боулдер снимила како мечка се приближува до автомобил, успешно отвора три врати, се качува внатре, а потоа заминува.

„Мечките постојано влегуваат во отклучени автомобили”, изјави во тоа време портпаролот на „Колорадо паркс енд вајлдлајф“.

Спонзорирано: