Го преслушав внимателно разговорот меѓу руските пранкери Вован и Лексус и премиерот Заев, кој се приклучи на листата од светски познати личности како Емануел Макрон, Борис Џонсон и низа други државници и светски познати личности. Самиот по себе, овој настан покажува (уште еднаш) дека Зоран Заев и Северна Македонија се важни за одредени моќни структури од добро познати причини.
Рускиве неранимајковци (пранк, во превод, несолена шега) не измислуваат ништо ново. Се сетив на премиерата на филмот “Yes Men” на Меѓународниот фестивал на документарниот филм во Амстердам во 2003 година. Тоа е првиот филм на Жак Сервинанд и Игор Вамос (се нарекуваат и Јес Мен), антиглобалистички активисти чија цел е да ја зајакнат јавната свест во светот за горливи социјални, еколошки и политички прашања.
Така, мета на нивните герилски и онлајн “диверзии” се големи корпорации и институции, меѓу кои е, на пример, Светската трговска организација. Едно од нивните најинтересни, често урнебесно смешни, начини на “пресметка” е преземање на идентитети на веб страници или личности, како што е еден светски познат “пранк” со Џорџ Буш. За овие глобални активисти и пионери на пранкот има и повеќе од доволно податоци на Интернет. Јес Мен се гости во стотици светски познати ТВ емисии на најпознатите телевизии во светот.
Целиот текст е достапен на сајтот на Цивил
автор Џабир Дерала