Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Полицијата извршила претрес во неговиот дом – уапсен скопски дилер

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривичнa пријавa против 47-годишниот С.К. од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, информира МВР.

„На 02.07.2019 година, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на дом и други простории кај пријавениот на улица „Јајце“ во Скопје.

С.К. е приведен и задржан во Полициската станица Бит Пазар. При претресот биле пронајдени и одземени хероин, мешавина од земја и хероин, мешавина од парацетамол и кофеин и дигитална вага со остатоци од хероин“, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК