Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Американска амбасада за изведбата на химната: Грешки може ненамерно да се случат во емотивни моменти

Американската амбасада во Скопје се огласи на социјалните мрежи по згрешената изведба на Тамара Тодевска на македонската химна на синоќешната прославата на Денот на независноста, 4 Јули.

„Имаме длабока почит кон традициите, историјата, хероите и иднината на нашиот пријател, партнер и сојузник Северна Македонија. Разбираме дека грешки може ненамерно да се случат во емотивни моменти, но им се заблагодаруваме на нашите пејачи за нивните прекрасни изведби“, објавија од амбасадата на „Твитер“.

https://www.facebook.com/USEmbassySkopje/videos/344116652896613/?t=0

Можеби ќе ве интересира

ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Цела недела променливо облачно време, за викендот невреме

C +

Уапсени 34 возачи, изминатите два дена 1.026 сообраќајни прекршоци

C +