Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Високи функционери на ДПМНЕ завршија во притвор

Кривичниот суд Скопје на денешната седница ги отфлри жалбите по изречената мерка притвор за осум лица кои беа приведени во петокот под сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, а едно од лицата за несовесно работење во службата.

-Постапувајќи по жалби од осум лица, осомничени од Јавното обвинителство за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување, поднесени против решенија на судија на претходна постапка од 28.06.2019 година, Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд – Скопје денеска одржа седница во присуство на странките. По разгледување и ценење на фактите и наводите на странките во постапката, Советот донесе решенија со кои ги одби жалбите и ги потврди решенијата на судијата на претходна постапка со кои за осумте лица се прифаќа предлогот на Јавниот обвинител и им се определува мерка притвор
во траење од 30 дена, стои во соопштението од Основниот кривичен суд – Скопје.

За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!

▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALAS

Уживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.

По наредба на надлежен јавен обвинител, во петотокот е спроведена истражна постапка против 11 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, а едно од лицата за несовесно работење во службата, при што со своите дејствија предизвикале штета на Буџетот во вкупен износ од 162.644.745,00 денари или 2.647.802 милиони евра. Еден од осомничените е недостапан за органите на прогонот, а за две лица се изречени мерки за претпазливост.

Меѓу уапсените се и високи функционери на опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

СИЛНО ЗАЛАДУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Дожд, снег на планините и ветер, од вторник утрински температури под нулата

ДЕСК

РАМА СО ПОРАКА ЗА МАКЕДОНИЈА И ЕВРОПСКАТА УНИЈА – Албанија нема да се меша во одлуката за уставните измени

ДЕСК

МУЦУНСКИ ДЕНЕСКА ВО АТИНА – Македонија на состанок за иднината на Западен Балкан

ДЕСК