Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Трагедија: Млад маж најден мртов во Кисела Вода

Трагедија го потресе Скопје, во стан во скопската населба Кисела Вода, викендов бил пронајден починат маж.

Во скопската полиција од Итна медицинска помош било пријавено дека во стан на улица „Пушкинова“ во Скопје има починато лице без видливи траги на насилство, а потоа се утврдило дека се работи за 41-годишниот Н.А. од Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција, а таа ќе ги даде сите детали околу тоа како настапила смртта.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК