8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Си точеле државно гориво во сопствените возила

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против три лица.

Пријавените, во текот на 2017 година, како службени лица – вработени во правен субјект во државна сопственост-М-НАВ АД Скопје-АКЛ Охрид, во вршењето на службените должности на работни места возачи, користејќи ги задолжените безготовински картички за дополнување на гориво, покрај во службените, точеле гориво и во сопствените приватни возила.

Притоа, прикажувале лажни сметки и налози со што се стекнале со противправна имотна корист од 640.040 денари.