Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Голема акциска контрола на полицијата во Тетово

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, на 22/23-јуни, во периодот од 22 до 04 часот, спровеле акциска контрола за санкционирање на возачи што управуваат возила под дејство на алкохол.

Констатирано е дека под дејство на алкохол биле 27 возачи (ТЕ-21 и ГВ-6) кои соодветно се санкционирани со мандатни платни налози и истите се исклучени од сообраќај со привремено одземање на возачката дозвола. Констатирани се и 36 други прекршоци (ТЕ-19 и ГВ-17) од други учесници во сообраќајот, кои се санкционирани со соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

ДЕСК

Серија апсења на повеќе локации низ Скопје

ДЕСК

ДРАСТИЧНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: По сончевиот викенд, повторно дождови – Синоптиачрите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК