Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Димитров во работна посета на Кралството Шведска

В понеделник министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ќе престојува во работна посета на Кралството Шведска.

Во рамките на посетата, предвидено е министерот Димитров да се сретне со министерката за надворешни работи на Кралството Шведска, Маргот Валстром и со претседателот на Парламентот на Кралството Шведска, Андреас Норлен.

За време на работната посета на Стокхолм, Димитров ќе учествува на Министерската конференција за Западен Балкан, каде ќе има свое обраќање на панел-дискусијата посветена на случувањата во земјите од регионот на Западен Балкан, со фокус на нивната ЕУ перспектива.

Министерската конференција на високо ниво во Стокхолм е во организација на Министерството за надворешни работи на Кралството Шведска и Европската комисија.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК

ПЕТОК И САБОТА ПОМИРНИ, НЕДЕЛА СО ПРЕСВРТ: Се враќа нестабилното време

ДЕСК

ПРЕД ДА ОДИТЕ ПО ПАСОШ ИЛИ ЛИЧНА КАРТА: МВР објави што не треба да носите

ДЕСК