4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Наутро сонце, а потоа невреме: Детална прогноза за времето

Времето денеска претпладне ќе биде со мала до умерена облачност, попладне облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, понекаде и во вид на невреме.

До четврток во попладневните часови ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево и топло време, но ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со грмежи.

Во понеделник се очекува да биде посвежо, врнежливо и повремено со засилен северен ветер.

Прогноза за 20.06.2019
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 26°С до 33°C
Претпладне со мала до умерена облачност, попладне и особено на западот облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, понекаде и во вид на невреме. УВ=7

Прогноза за 21.06.2019
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 27°C до 35°C
Сончево со мала до умерена облачност, попладне особено во планинските региони со појава на краткотрајна нестабилност. УВ=8

Прогноза за 22.06.2019
Минимална температура: 13°C до 21°C
Максимална температура: 29°C до 37°C
Сончево и доста топло, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. УВ=8