Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Шекеринска: Aко ги анализирате на пример економските бројки ќе видите дека не сме имале ниту едни две години на ВМРО ДПМНЕ кои имаат вакви бројки какви што имаме сега

– Еден дел од прашањето е како да направиме нов Владин систем кој нема да падне во замката на она што било претходно, оти знаете многу поефикасно е, и многу владата ќе изгледа одлучна и ефикасна ако сите одлуки се сведуваат на еден човек и тој по телефон ќе одлучува за човечки судбини. Видовме како тоа изгледа, рече заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска во емисијата ТОП ТЕМА на Телма телевизија вечерва.

– Многу лесна ќе биде промената ако ние промениме и кажеме дека ние ќе владееме со пропаганда. Затоа што ако ги анализирате на пример економските бројки ќе видите дека не сме имале ниту едни две години на ВМРО ДПМНЕ кои имаат вакви бројки какви што имаме сега, ниту една. Ама впечатокот уште не’ држи, ние, не велам граѓаните само, јас, вие сите сме уште жртва на 12 години молк и пропаганда, и ние се сеќаваме на тоа верглање, најдобри резултати. 630 милиони евра директни странски инвестици, верувам дека најголем од граѓаните не се знаимаваат со тоа, а немаат ни постојана пропаганда која тоа секој ден ќе им го кажува, рече Шекеринска.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +