Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Се огласи Заев: Сигурниот датум за преговори не мотивира да продолжиме со реформи

Премиерот Зоран Заев денеска се огласи по Централниот одбор на СДСМ.

– СДСМ ги заокружува промените.

Денеска Централниот одбор на партијата избра нов Извршен одбор. Со гордост соопштувам дека повеќе од половина од избраните членови се жени.

Зборот важи затоа што даваме повеќе простор и обезбедуваме родова еднаквост.

Избрани се нов организационен секретар и секретар за меѓународна соработка.

Се менуваме во интерес на граѓаните и забрзување на напредокот.

До крајот на овој месец очекувам да го завршиме концептот на промени и во централната власт, со реконструкција на Владата.

Признаениот напредок и позитивните вести од Брисел, со сигурниот датум за преговори со ЕУ во октомври, нѐ мотивира да продолжиме со реформите, напиша Заев.

Можеби ќе ве интересира

МИСТЕРИЈА ЗА КОЈА СЕ РАСПРАШУВААТ МНОГУМИНА, НЕКОЈ ВО МАКЕДОНИЈА ОДЛУЧУВА КОИ ВЕСТИ ЌЕ ГИ ВИДИТЕ – Но кој одлучува што ќе остане скриено од вашите очи?

ДЕСК

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ОСТАНУВА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК – Мицкоски со ново појаснување за практичниот дел

ДЕСК

УХМР СО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следува силен ветер и значително повисоки температури!

ДЕСК