Довербата е една од најважните работи на кои се темели една врска, но и таа не може без едно нешто. Тоа е искреноста.
Некои велат подобро горка вистина, отколку слатка лага, па затоа во продолжение ви приложуваме две работи кои за успешна врска ќе ви одат во прилог.
Кажете му на партнерот што чувствувате
Промените во расположението се сосема нормална работа, без разлика дали ги предизвикала нервоза, проблеми или лошото време. Она што не смеете да дозволите да ви се случи е да се однесувате чудно пред партнерот, без притоа да му објасните за што станува збор. Доколку му објасните, не само што ќе ви биде полесно и поубаво, туку и тој ќе ве разбере и ќе се обиде да ви помогне.
Побарајте помош кога ви е потребна
Нормално е да мислите дека се можете да направите сами, меѓутоа не е во ред да го изоставувате вашиот партнер од се. Тоа што барате помош од вашето момче или маж, не значи дека во неговите очи ќе изгледате како слабак, туку баш спротивно. Затоа побарајте помош и обидете се да ги решите проблемите заедно.