22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Рецепт кој се памти: Подгответе го познатиот војнички грав по норматив на ЈНА

Оние кои служеле војска во бивша Југославија сигурно и ден денес се сеќаваат на популарниот војнички грав.

Овој норматив обезбедува 5 дл. готово јадење

Потопете го гравот во студена вода, водејќи сметка за тоа водата да биде во доволна количина за да не се случи гравот при бубрењето да ја впие целата количина на вода и да остане сув. Потопениот грав чувајте го на студено место и оставете го 1 до 3 часа. Потоа исцедете го гравот и ставете го во погоден сад, налијте студена вода и гответе 10 до 15 минути, по што ќе ја исцедите водата па ќе додадете врела вода. Додадете ситно исецкан кромид и оставете да се вари со повремено додавање на топла вода.

Во врел зејтин додадете го остатокот од кромидот и морковот, исечен на ситни коцки или изрендан, и пржете додека благо не поруменат.

Кога гравот ќе биде готов, додадете го испржениот кромид и морков, сува пиперка, претходно потопена два часа во студена вода и ловоров лист.

На загреан зејтин додадете брашно и пржете додека благо да порумени. Кога ќе биде готово исклучете го шпоретот и додадете истолчен лук и црвена пиперка во прав и добро измешајте.

Кога гравот ќе омекне посолете и запржете го со подготвената запршка со постојано мешање. Гравот гответе го на тивко уште 20-30 минути. Кога ќе го исклучите огнот додадете црн мелен бибер, ситно сецкан магдонос, пробајте и посолете по потреба.

Напомена: важно е да се знае дека при готвење се до запржување гравот не смее да се меша за да не дојде до кршење на зрната или загорување.