Centar.mk
БИЗНИСИЗБОР

Охридска агенција прогласена за најдобар тур оператор на „World Travel Awards 2019“

На доделувањето на наградите на Меѓународната туристичка манифестација „World Travel Awards 2019“, што се одржа на 8 јуни на островот „Мадеира“, Португалија, охридската агенција „DMC Balkans Travel & Events“ е прогласена за најдобар тур оператор.

„World Travel Awards“ го подржува, промовира и развива глобалниот развој на туристичката индустрија со тоа што веќе 26 години ги идентификува најдобрите претставници од областа на туризмот и го наградува нивниот квалитет и успех во работењето.

За локалната агенција „DMC Balkans Travel & Events“ која работи на полето на инкаминг (дојдовен) туризам, ова е второ признание од глобалната манифестација „World Travel Awards“.

Можеби ќе ве интересира

ОД ПОЛНОЌ ПОЕВТИНУВААТ СИТЕ ГОРИВА ВО МАКЕДОНИЈА – Бензинот за 2, дизелот за 2,50 денари, ова се новите цени на РКЕ

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Во 2027 нема промена на даноците, повеќе пари за судство, плати, пензии и поддршка на бизнисот

ДЕСК

Анализа: Tехнички најсложениот дел од автопатот Кичево–Охрид, се очекува да биде отворен во декември

ДЕСК